Фото на насловна - Охрид, 1969 година

 Фотографијата која деновиве ќе биде дел од нашата насловна страна е панорама на Охрид, претставена на разгледница од далечната 1969 година. 
 
Приказот  на градот кога доминираше зеленилото наспрема поголемите градби, за јавноста го постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски во фејсбук групата "Охрид, слики од минатото".