Охрид мириса на пролет - фото: Митко Лукан

 Охрид денес на сончевото време сјаеше во сета своја убавина, а тоа измами многумина надвор на посакувана прошетка во природа. Граѓаните секогаш повторно и повторно со восхит ја впиваат убавината на градот и неговите знаменитости, зашто Охрид е волшебно убав во секој период од годината. 

 Денес најфотографирана локација повторно беше Св. Јован Канео, овој пат заедно со цутовите кои ја навестуваат пролетта, која календарски ќе започне за десет дена. 

Ви нудиме прекрасни фото - пејзажи кои се дело на нашиот сограѓанин Митко Лукан, за да уживате вие, кои денес не сте ја посетиле оваа локација.