Во недела, на Прочка, традиционален маскенбал во Велгошти

 На денот на големиот верски празник Велики Поклади (Прочка), и оваа година во с. Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал “Емшири 2020”.

Настанот  ќе се одвива во недела на спортското игралиште во Велгошти,  а почетокот е закажан за 11:00 часот.

Месната Заедница на селото за повозрасните учесници на маскенбалот обезбеди пригодни награди, како и симболични пакетчиња за малите емширчиња.