Фото на насловна - охридското пристаниште пред 20-ина години

Фотографијата која ќе ја краси нашата насловна страна наредниве денови е од поновата историја на градот. 

Прикажан е дел од охридското пристаниште, исполнет со голем број кајчиња, а во позадина се гледаат тогашните актуелни модели на автомобили. Потсетување на едно не толку далечно минато - пред 20-ина години, како што наведува нашиот сограѓанин Климе Белкоски, од каде ја позајмивме оваа фотографија.