Охрид го чествува Прличев!

 Во рамките на годинешното издание на традиционалната културна манифестација “Прличеви беседи”Општина Охрид, НУ Центар за култура "Григор Прличев", НУ Библиотека "Григор Прличев"  и ОУ "Григор Прличев" организираат чествувања по повод 127 – годишнината од смртта на Григор Прличев и јубилејните:  190 години од неговото раѓање  и 160 години од издавањето  на поемата “Сердарот”.
 

 Еве кои настани може да ги посетите во рамки на чествувањата: 

 

04.02.2020 година (вторник)

  • Промоција на стихозбирката Мојата шарена стихувалка” од ученичката Матеа Стоев;

 Време:  17.30 часот;

Mесто: ОУ ”Григор Прличев

 

05.02.2020 година (среда)

  • Изложба на ликовни дела на уметници од Македонија;

11.45 часот;

НУЦК Григор Прличев” (изложбен салон)

 

  • СВЕЧЕНОСТ ПОСВЕТЕНА НА ЛАУРЕАТОТ НА НАГРАДЕНАТА ПОЕМА ЗА 2019 ГОДИНА;

12.00 часот ;

НУЦК “Григор Прличев”(mала сцена)

 

06.02.2020 година (четврток)

  • Полагање цвеќе пред спомен-бистата на Григор Прличев;
  • Прличева визита;

 10.00 часот;

ОУ “Григор Прличев”(училиштен двор)

 

  • Полагање лавров венец и свежо цвеќе пред спомен-бистата на Прличев;
  • Обраќање на претставник од Друштвото на писатели на Македонија

10.45 часот;

Спомен-биста  на поетот пред НУ Библиотека “Григор Прличев”

 

  • Панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Григор Прличев;

11.30 часот;

Гроб на Григор Прличев

 

  • СТИХОВИ И ЗВУЦИ ЗА ПРЛИЧЕВ;
  • Обраќање на претставник на општина Охрид;
  • Промоција на книгата “Антологија на ловорот” (Приредувачи: проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски);

12.00 часот;

Спомен-куќа  на Григор Прличев

 

  • Лични навраќања кон Григор Прличев- проф.д-р Вера Стојческа Антиќ;
  • Прличева визита во организација на НУ Библиотека Григор Прличев;

 13.00 часот;

НУ Библиотека “Григор Прличев”

 

07.02.2020 година(петок)

  • Спортски ден во организација на ОУ “Григор Прличев” по повод Патрониот празник;

 ОУ “Григор Прличев”



Извор: www.ohrid.gov.mk