Јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид

 Согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК
за  откуп на фотографии со мотиви од Охрид
(културни, историски и природни убавини)

 

I

            Предмет на Јавниот повик е откуп на фотографии со мотиви од Охрид (културни, историски и природни убавини) согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година.

 

II

Секторот за Туризам и ЛЕР  согласно програмата за 2020 година има определено средства во износ од 150.000,00 денари.

Откупот ќе се реализира преку:

– Откупување на фотографии со мотиви од Охрид кои до сега не се воопшто користени за други цели;

– Максимален број на откупени фотографии од еден понудувач е 10.

 

III

На јавниот повик право на пријавување имаат сите заинтересирани субјекти, правни и физички лица кои се занимаваат со изработка и продукција на фото и видео материјал.

 

IV

Доколку се работи за физичко лице, истиот мора да достави изјава за авторско право над фотографиите, во согласност со Законот за авторско право и сродните права и потпишана изјава дека фотографиите не се претходно објавувани или користени за други цели.

Доколку се работи за правно лице/компанија треба да достави писмена изјава од авторот на фотографијата, како и изјава за ставање на авторски права за избраните фотографии на компанијата која располага со истите, како и изјава дека фотографиите не се претходно објавувани или користени за други цели.

Во прилог на барањето за доделување на финансиските средства (Прилог 1 од Правилникот) и потребната документација, правните лица треба да ја доставaт следната документација:

  1. Решение за регистрација ДРД образец (оригинал или копија со печат и потпис на поднесувачот);
  2. Потврда за платени даноци, придонеси и други давачки од надлежен орган;

 

V

Средствата за откуп на фотографии со мотиви од Охрид ќе се извршат врз основа на евалуацијата за исполнување на следната спецификација и следните критериуми:

 

Критериуми
Фотографиите треба да бидат доставени во дигитален JPEG формат и печатен формат, со резолуција помеѓу 1-5mb
Фотографиите не треба да бидат постари од 1 година
Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да учествувале на други конкурси

 

Спецификација
Национален парк Галичица
Планински пејсажи во четири годишни времиња
Активен туризам – параглајдерство, велосипедизам, планинарeње …
Културно-историски споменици, традиции, фолклор, манифестации, природни убавини

 

Комисијата е должна во рок од 30 дена по крајниот рок за доставување на барањата да состави ранг листа, согласно горенаведената спецификација и критериумите. Откупот на фотографии со мотиви од Охрид ќе се врши се додека не се потрошат средствата од член 2.

 

VI

Баратели треба да ги достават следните документи:

  1. Барање на конкурс во 2 примероци кое содржи име и презиме (ако се работи за физичко лице) или назив на компанијата (ако се работи за правно лице) со назив:
ЗА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОТКУП НА ФОТОГРАФИИ
  1. Електронско портфолио (CD) кое ќе содржи најмалку 5 фотографии, а најмногу 30 од Охрид и околината

 

Документите се доставуваат по пошта или директно во Архивата на општина Охрид во затворен плик кој во горниот лев агол ќе биде означен со НЕ ОТВАРАЈ, додека барањето за пријавување да биде прикачено на самиот плик на кој ќе може да се направи прием во Архивата на општина Охрид, но не подоцна од предвидениот рок.

 

VII

По донесеното решение за избор на квалификуваните барања, добитникот треба да ги достави во рок од 10 дена:

– Фотографиите да се достават во TIFF формат во висока резолуција 300 DPI,

– Фотографиите треба да бидат со наведената локација,

– Избраните фотографии дополнително да бидат доставени во оргинален формат, во дигитален TIFF формат, со висока резолуција соодветна за печатење постери од 20 до 100 mb.

Понудувачот е должен фотографијата или фотографиите да ги достави целосно артистички и графички обработени.

 

VIII

Фотографиите кои ќе содржат модели (личности) треба да бидат доставени со договор за согласност од личноста која е фотографирана (Model Release договор), доколку се работи за фотографии со малолетни лица задолжително и доказ за согласност од родител или старател. По откупување на ваквиот вид фотографии општина Охрид нема обврска за плаќање на било каков надоместок на личноста која е фотографирана.

Општина Охрид како и Комисијата не подлежат  на одговорност во случај на злоупотреба на авторските права од страна на самите учесници или трети лица за фотографиите пријавени на конкурсот.

Вработените во општина Охрид како и членовите на комисијата немаат право на учество во јавниот повик.

 

IX

Рокот на поднесување на апликацијата е 30 дена од денот на објавата на конкурсот, а барањето за пријавување на јавниот повик, поднесителите можат да го најдат на официјалната веб страна на општина Охрид www.ohrid.gov.mk

Непотполните и задоцнетите барања, нема да бидат разгледувани од страна на Комисијата.

Кандидатите кои нема да бидат избрани на јавниот повик ќе бидат известени во рок од 30 дена.

 

 

 

ПОНУДА ЗА ОТКУП НА ФОТОГРАФИИ (word doc.)