Фото на насловна - плоштадот "Чинар" некогаш

 Фотографијата која следниве денови ќе биде дел од нашата насловна страна го прикажува просторот до стариот Чинар, односно плоштадот "Чинар" во подалечното минато на Охрид. 

Многу сличности, но и големи разлики ги издвојуваат спомените од некогашниот изглед на градот, во однос на она што е денес. Сеќавањата будат носталгија кај повозрасните, но и гордост што биле сведоци на едни убави времиња. За помладата читателска публика, ова нека биде спознавање на дел од историјата на нашиот бисер. 

Фотографијата е позајмена од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото".