Поезија од Славе Ѓорѓо Димоски преведена на полски јазик

  Во полското списание за литература  Pisarze Pl. редовно се објавува поезија од домашни и странски поети, а деновиве беше отстапен простор за автори од Балканот, меѓу кои и неколкумина македонски поети.

Во таа прилика беше направен превод и на поезија од охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски. Преводот на творбите на полски јазик е на Калина Изабела Зиоја.
 
Изборот може да го погледнете на следниот линк.

 Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски спаѓа меѓу најпрепознатливите достоинства на современата македонска литература. Читана е, анализирана, толкувана, наградувана, застапувана во најстрогите антологии на македонската поезија, преведувана на други јазици. Појавувањето на секоја нова книга од овој исклучителен поет редовно претставува вистински настан, забележлив датум во нашето културно живеење.
 
 На македонски јазик објавил четиринаесет книги, а деветнаесет одделни избори се објавени на странски јазик.
  Дел од богатиот поетски опус на Славе Ѓорѓо Димоски, негови збирки, но и одделни песни и поетски циклуси се преведени на над триесет јазици. Добитник е на многубројни поетски награди, како во земјава, така и во странство.