Фото на насловна - старата охридска автобуска станица

 Фотографијата која деновиве ќе биде дел од нашата насловна страна е од поблиското минато на Охрид, и ја прикажува старата охридска автобуска станица.  

 Во очекување на снегот, една снежна градска идила од деновите кога автобуската станица се наоѓаше во центарот на Охрид, веднаш до охридската Пошта, во делот помеѓу улиците “Партизанска” и “Димитар Влахов”. Денеска, на овој простор се наоѓа стамбено-деловен комплекс, чија изградба заврши во 2008 година.

 Фотографијата ја позајмивме од фејсбук групата “Охрид, слики од минатото”.