Денес од 13 часот бесплатен концерт на Четкар во Охрид

 Во рамки на забавно-музичката празнична програма што ја организира Општина Охрид на Градскиот плоштад, денес уживајте во џез, соул и фанк забава со Владимир Василевски – Четкар.

 Концертот е бесплатен и закажан за 13 часот, па секако секој може да ужива во прекрасните звуци на нашиот светски познат и  признат музичар.

 Четкар на овој попладневен концерт ќе се претстави со својот Џез, Соул и Фанк Ансамбл во кој ќе настапат дел од најдобрите музичари на македонската сцена - Ѓоле Максимовски – бас гитара, Сара Николовска и Ана Костадиновска – придружни вокали, Филип Стевановски-тромбон, Виктор Филиповски-тапани, Демир Кантуровски-труба, Игор Величковски- тенор саксофон, Ратко Даутовски – прекусии и Филип Димисковски – клавијатури.