Подводната Новогодишна елка посветена на децата со ретки болести

 Нуркачите на Нуркачкиот центар “Амфора” и Клубот за подводни активности “Охрид” годинава по 17ти пат  ја поставија  и украсија  подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските Градиште.

  На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка.

Со желби за добро здравје , навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годиниве им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејки  во нивниот живот полн со предизвици  им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка како една своедвидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на Вода, истакна претседателот на Амфора, Јован Секулоски.



 Лолеска Гордана, граѓански активист и член на здружението на граѓани со ретки болести “Живот со предизвици”, во оваа прилика рече:

Благодарност до моите сограѓани за несебичната поддршка која ми ја даваат годиниве. Мојата желба е повеќе слух од институциите за пациентите со ретки болести и усвојување нацрт документот за Национална стратегија за ретки болести од страна на владата на РСМ со која ке се унапредат политиките за грижа  на овој тип на пациенти.