Фото на насловна - Охрид, 1967 година

 Фотографијата која ќе ја краси нашата насловна страна следниве денови, е уште едно потсетување на дел од некогашниот изглед на Охрид.

 Овој пат наш избор е приказ на старата општина, дел од плоштадот и пристаништето во 1967 година. Фотографијата за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.