Дедо Мраз пристигна со авион и ги израдува најмладите

 Околу 300 дечиња од предшколската голема група од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ денеска добија новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз, кој слета со авион на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

Овој настан, кој беше вистинско доживување за најмладите е во организација на Општина Охрид во соработка со ТАВ-Македонија, како дел од празничната програма во пресрет на новогодишните и божиќните празници.


Извор: www.ohrid.gov.mk