Прва промоција на романот "Дневници на една љубов" од Лилјана Пандева

 Првата промоција на најновиот роман на Лилјана Пандева – „Дневници на една љубов“, во издание на ПНВ Публикации, ќе се одржи на 4 декември 2019 година, во НУ Универзитетска Библиотека „Гоце Делчев“, во Штип, со почеток во 18.00 часот.
 
 Книгата пред штипската публика ќе ја претстави проф.д-р Јованка Денкова, а извадоци од романот ќе читаат студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет, при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип.
  
 За романот „Дневници на една љубов“ Наташа Аврамовска ќе рече: „Книга за љубовта во услови на гранична или кризна ситуација, за љубов проткаена низ днев­нички монолошки исписи – изрази на една деце­нија нестивнат љубовен копнеж, постојано одново упатуван и еднакво копнежлив во скритоста, љу­бов низ три времиња, развивана во лавиринтите на факцијата и фикцијата, на сладоста и копнежли­воста, извлечена од социјалната стварност и коле­гијалните односи во секојдневието, од грдотијата и хаосот на војната.“


 
 Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Ново Село, Струмица. Таа е дипломиран професор по литература и македонски јазик и доктор по филолошки науки.  Нејзини досега објавени дела се: дра­молетите за деца „Новогодишни едночин­ки“; расказите „Канцелариски колумни“; стихозбирката „Љубов од А до Ш и обра­тно“; романите „Од агендата на Калина Ка­лин“ и „Возовите на Луцерн“ (преведени и објавени на германски јазик), ро­манот „Доилката“, добитник на наградата „Стале Попов“ во 2016 г. Нејзиното последно прозно остварување е романот „Дневници на една љубов“.