Со цвеќе се разубавуваат кружните токови во Охрид

 Екипи на „Паркови и зеленило “ при Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денес засадуваа  цветен саден материјал од зимската реколта на  кружните текови  во близина на гимназијата и кај Охридска Банка каде хортикултурно се уредува и жардинеријата. Утре со цвеќе ќе се разубавуваат и останатите кружни текови.  Се засадуваат цвеќиња од типот viola (очиња ) од сопствено производство.

Наредниов период цвеќе ќе се сади и на улица „Димитар Влахов“ на патеката покрај каналот Студенчишта  и пешачката патека до „Парк“. Со проектот е предвидено да се засадат 50.000 садници.




Извор: www.ohrid.gov.mk