Македонската писателка Лилјана Пандева наградена во Србија

 Македонската писателка Лилјана Пандева е добитник на наградата „Лукијан Мушицки“ што ја доделува Книжевното друштво „Сунчани брег“ од Белград.

 Наградата се доделува еднаш  годишно на домашни и странски автори за поезија, проза и детска литература. Пандева ја доби за својот роман "Доилката" кој неодамна беше објавен на српски јазик и промовиран на саемот за книга во Белград.
 
Други годинешни добитници на наградата се црногорскиот писател за деца Жарко Вучиниќ, унгарските автори Атила А. Балаж и Шандор Халмоши.
 
 
 
 Лилјана Пандева e родена во 1964 година во Ново Село, Струмица. Таа е диломиран професор по литература и македон­ски јазик и доктор по филолошки науки.
 
Нејзини досега објавени дела се: драмолетите за деца „Нового­дишни едночинки“; расказите „Канцелариски колумни“; стихозбирката „Љубов од А до Ш и обра­тно“; романите „Од агендата на Калина и Калин“ и „Возо­вите на Луцерн“ (преведени и обја­вени на германски јазик), романот „Доилката“, добитник на наградата Стале Попов во 2016 г., како и нејзиниот најнов роман "Дневници на една љубов".