Хумани луѓе, повторно му сме потребни на Тачо!

 На нашиот сограѓанин, голем човек и спортист, Трајан Целески-  Тачо, повторно му е потребна нашата несебичната хуманост! Тој пред две години се избори со тумор на мозокот, но за несреќа, болеста повторно го нападна, а за да излезе како победник, Тачо треба да оди на лекување на 30.11.2019. За третманот потребни се средства, кои неговото семејство не е во можност целосно да ги обезбеди. Да издвоиме мал дел од нашите средства, кои за него многу ќе значат!

Сите кои се во можност да донираат, тоа може да го сторат  на следнава сметка -  500600018999581-Стопанска банка а.д Битола - Ристо Целески или пак, во просториите на Црвен крст Охрид!
 
Од срце за Тачо!