Црвениот крст на Македонија објави телефонски броеви и сметки за донации - да им помогнеме на граѓаните на Албанија

 Црвениот крст на Република Северна Македонија изрази сочуство до граѓаните, семејствата и институциите за жртвите од земјотресот во Албанија.

Оттаму известуваат дека се во постојан контакт со Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Албанскиот Црвен крст и владините институции со цел утврдување на приоритетните потреби на терен и организирање на хуманитарен одговор.

Црвениот крст на РСМ донесе одлука од сопствени резерви да додели првична парична помош во висина од 10.000 евра наменета за жртвите од земјотресот, како и материјална хуманитарна помош во вредност од 20.000 евра.

Организацијата објави и телефонски броеви за донации  070/075/077 143 400 како и бројот на жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966 каде што заинтересираните граѓани може да уплатат парични средства.

Заинтересирани лица од други земји може да донираат на: NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA, BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE, BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA, BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11, SWIFT CODE: KOBSMK2X, IBAN CODE: MK07300701000001228



Фото: Фејсбук