Се реконструира кровот на охридската Гимназија

 Во тек се градежните активности за санација  на кровот од ОСУ „Св. Климент Охридски“.   Со зафатот кој е по налог на Општина Охрид предвидена е  реконструкција на оловните табли од куполите, санација на олуците,китирање на спојните  елементи,  оловните табли, окапници и ветробрани. Оловните плочи ќе бидат прицврстувани со нови завртки.  Во рамки на планираното ќе се изврши и молерисување и варосување на ѕидовите од поткровјето кои имаа видни оштетување од протекување на вода.

Вредноста на проектот е околу 400.000 денари и со неговата реализација се надминува неколку годишниот проблем на протекување вода во просториите на гимназијата.

Изведувач на градежните активности е фирмата ФИЛАНД 2012 од Охрид.




Извор: www.ohrid.gov.mk