Сферни огледала на повеќе локации низ градот

 Деновиве, во соработка со граѓаните, беа поставени повеќе сферни огледала на неколку улици на територија на општина Охрид.

Огледалата со кои се подобрува безбедноста во сообраќајот се поставија во Пештани на главниот пат веднаш до полициската станица, во Елшани над кампот „Елешец“, на пресекот на улицата „Сирма Војдовода“ со улицата Карпош Војвода, на улицата „Петрино“ веднаш зад некогашната фабрика „Застава“, на улицата „Прилепска“ и на улицата „Крали Марко“.

Ваквиот концепт на соработка со жителите на општина Охрид, продолжува и во наредниот период, со цел поефикасна реализација на секојдневните потреби на граѓаните.




Извор: www.ohrid.gov.mk