Вечерва промоција на книгата„Македонска разгледница“ од Гоце Џуклески

  Денес,  25 октомври, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид ќе биде промовирана книгата од областа на музиката „Македонска разгледница“ од проф. д-р Гоце Џуклески. Книгата содржи 31 мелографски записи на исто толку ора.

 Со промоцијата на книгата Џуклески истовремено одбележува 40 години од своето музичко творештво и присуство на естрадата.

 Промотор на „Македонска разгледница“ ќе биде  композиторот и хармоникаш Сашо Ливрински, а ќе бидат прочитани и делови од рецензиите на  музиколозите Кирил Тодевски и Марко Коловски.

Настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја“ на библиотеката со почеток во 19 и 30 часот.