Охрид во боите на најтоплата есен (фото)

 Иако календарски веќе изминува првиот месец на есента, времето не ни дава причина да го чувствуваме заминувањето на летото како далеку зад нас.



 Невообичаено топло за овој период од годината, сеуште го чувствуваме присуството на летото и високите температури. Тоа беше предизвик за многумина граѓани кои и денес, на 20-ти октомври, се капеа во водите на Охридското езеро.

 Неделен, сончев ден, измами бројни граѓани на прошетки, излети и плажа.  



 Ви нудиме дел од убостите во кои денес сите уживаа на свој начин. И потсетуваме, топлото и сончево време продолжува и во текот на наредната недела.