Фото на насловна - Охридскиот плоштад, 1960 година

 Фотографијата која деновиве ќе биде дел од нашата насловна страна го прикажува охридскиот плоштад во далечната 1960 година. 

 Постојано со доза носталгичност, но и радост, се сеќаваме на изминатите времиња од поблиското или подалечно минато, потсетувајќи се на тоа како некогаш се живеело, и колку е изменет животот денес. Фотографиите најдобро го покажуваат и докажуваат тоа. 

Нашиот избор за мало потсетување на минатото овој пат е фотографија од приватната колекција на нашиот сограѓанин Климе Белкоски.