Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на прва помош

 Црвен крст Охрид во сабота, 14 септември, ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош.

 На тема Првата помош и маргинализираните лица,  на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ и Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, во периодот од 10-12 ч.  тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди. 

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува  луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од  нагло настанати заболувања или повреди.

 Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.