Ватерполо турнир `Охрид 2019` со хуманитарен карактер

 Во чест на Денот на независноста на Република Северна Македонија, денес и утре  (сабота
07.09.2019 и недела 08.09.2019) на Градското пристаниште во Охрид, ќе се одржи ревијалниот ватерполо турнир ОХРИД 2019, кој има хуманитарен карактер. 

Со тоа се продолжува иницијативата од минатата година, која има цел да се развие овој, некогаш многу популарен спорт во Охрид.

Годинешниот  хуманитарен спорстски настан е во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови-2008 Охрид во соработка со Општина Охрид и Црвен крст Охрид. 

Хуманите посетители на овој спортски настан ќе можат да донираат во собирните каси на Црвен крст Охрид, поставени на Градското пристаниште, а собраните средства ќе бидат наменети за купување на школски прибор за децата од ранливите категории на граѓани од Охрид и Дебарца. 

Денешниот турнир е закажан за 12 часот, а додека во недела ќе се игра од 11 часот. 

Пријавени се учесници од Холандија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Србија, како и од ветераните од „Охридски бранови“, Штип, Струга и „Вардар“.