Иако беше приморан да го прекине својот маратон, граѓаните со восхит и огромна почит зборуваат за Марко

 Детето-херој Марко Пејчиновски кој минатата година на денешен ден го преплива Охридското Езеро од Св. Наум, до Охрид, годинава долго се подготвуваше за нов подвиг. Марко имаше за цел да плива цели 64 километри, започнувајќи од охридското пристаниште, до Св. Наум, Струга и повторно Охрид. Синоќа во 18 часот тој стартуваше, но по испливани 11 километри и 840 метри, го прекина големиот подвиг. Причината секако беше силна и не можеше да ја игнорира повеќе од еден час, бидејќи болката во неговата нога беше интензивна и не му дозволи да продолжи во борбата со брановите и студената езерска вода.

Марко пливаше за децата со ретки болести, и единствената цел не беше охридското пристаниште, туку, секако, подигнувањето на свеста кај луѓето за ретките. Марко успеа, тој е и секогаш ќе биде ХЕРОЈ, бидејќи иако има само 13 години, тој е зрела личност која во себе ги развила сите човечки особини кои чинат Човек во секоја смисла на зборот.

И после откажувањето на соло маратонот, граѓаните со восхитувачки коментари зборуваат и ја опишуваат неговата борба.
  • Браво за подвигот Марче, секоја чест! Сите се гордееме со тебе!
  • Кога си дал се од себе и кога имаш таква благородна цел,победата е неизбежна ! Марко ја оствари својата мисија ! Сите почести за ова дете од кое има што да се научи <3
  • Браво златно дете. Ние ,возрасните,мора да ја оствариме твојата цел. Да ја продолжиме твојата борба. Го наполни езерото со љубов,но и нашите срца.
  • Душа убава цел саат те болела ногата а ти не си се откажувал. Браво бе детуле ја ни у сон неможам толку да изодам а не да испливам. Секоја чест за тебе да си жив и здрав догодина пак ќе бидеме со тебе да те бодриме.
  • Zelbata i obidot se pogolemi od pobedata BRAVO MARKO . MARKO i ako ne go prepliva Ohridsko ezero TI si nasiot POBEDNIK , nasiot JUNAK, od Tebe treba da ucime i da go sledime Tvojot primer . Uste ednas i bezbroj pati BRAVO,BRAVO...JUNACISTE
  • Ради твое НЕ разочарување ќе ти кажам дека 90% од цела држава не можат ни 100 метри да испливаат на такво време во ладни и мрачни води,а не пак 12 километри.Ете,јас сум во тие90%...БРАВО МАЖИШТЕ.
  • БРАВО, НАЈБРАВО. ЦЕЛТА Е ПОСТИГНАТА ПРЕД МАРЧЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО НАЈСИНИТЕ МАКЕДОНСКИ ВОДИ. ДЕТЕ АНГЕЛ, СО ТОЛКУ ГОЛЕМ МОРАЛ, СВЕСТ. МАРКО Е МАКЕДОНСКИ ПОБЕДНИК.НЕ СЕ ВАЖНИ КИЛОМЕТРИТЕ ПОМИНАТИ,ЧАСОВИТЕ. ВАЖНА Е ДОБРАТА МИСЛА И ШИРОКОТО СРЦЕ КОЕ НА ОВА ДЕТЕ МУ БИЕ ВО ГРАДИТЕ.
Ова се само дел од бројните коментари и честитки за Марко на социјалните мрежи.

  Денес, на овој Голем ден,  Големи честитки упатуваме за успехот на Марко, и надеж дека со неговите подвизи ќе се исполни најголемата цел – поддршка на  ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСTИ!

Од 12 часот  на охридскиот плоштад започнува продажбата на хуманитарни маички, а во 14 часот Марко ќе биде на Пристаниште да ги поздрави своите поддржувачи.