Фото на насловна: црква Св.Богородица Перивлепта, 30-те години на минатиот век

 Во чест на утрешниот голем празник – Голема Богородица (28.08), нашата насловна страна деновиве ќе ја краси фотографија на која е прикажана една од многуте цркви посветени на Големата Мајка.

 На фотографијата која за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски, е црквата Св. Богородица Перивлепта во 30-те години на минатиот век. Црквата е изградена пред 1925 година, а Пресвета, Перивлептос, значи онаа што гледа се.

 По уривањето на манастирската црква Свети Пантелејмон, во црквата Богородица Привлептос се пренесени моштите на Свети Климент (па затоа е наречена Климентова црква), а истовремено таа станала и седиште на охридските архиепископи и на „музејот на архиескопијата“ со својот печат (засега најстар на Балканот).