Наградна игра!!! Доделуваме изданија на ПНВ Публикации!

 Вечерва во Охрид во „Култура 365“ ќе се одржи и последната промоција на книги, изданија на ПНВ Публикации од Скопје, во рамките на манифестацијата „ЛУНУС“ на ул. „Самоилова“ за ова лето.

 До сега беа претставени: „Директни обраќања“ од Марина Икономова Шокева, „Втор откос“ од Дејан Величковски, „Станица 15“ од Викторија Ангеловска, „Скопје, ти раскинуем“ од Тамара Јолевска Попов, „Растајнување на светлината“ од Дијана Петкова, „Школките имаат два дела“ од Поли Муканова, „Љубов на плоштадот“ од Владимир Левчев, „Жалба до Музата“ од Џери Марфи, „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска, „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска и „Стрмец во хаику скротен“ од Пере Ристески, а вечерва ќе биде претставен и научнофантастичниот роман „Последна граница - Книга прва: Истапени сечила“ од Зоран Милошевски.

За крај на овие летни книжевни промоции, ПНВ Публикации во соработка со „Охрид магазин“ ќе додели и пет книги за читателите:
  1. „Годишни времиња“ – Јулијана Величковска
  2. „Последна граница: Истапени сечила“ – Зоран Милошевски
  3. „Школките имаат два дела“ – Поли Муканова
  4. „Жалба до Музата“ – Џери Марфи
  5. „Крстна коска“ – Наташа Сарџоска