Црвен крст - Охрид започнува нов, есенски циклус за подготовка на кандидати за полагање на TOEFL

 Поради големиот интерес на охриѓани  Црвен крст Охрид започнува нов, есенски циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language).

  Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 05 септември 2019 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик.  9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија. 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на тел. 046 262-706 и 070 315309 или на е-маил ohrid@redcross.org.mk или пак, да дојдат на првиот промотивен час во просториите на Црвен крст Охрид, предвиден за четврток, 05.09.2019 г. во 19 ч.