Вонредна крводарителска акција на Црвен крст - Охрид

 Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција.

Крводарителската акција ќе се реализира на 30.07.2019 (вторник) во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија во периодот од 10-13 ч.

Сите граѓани може да ја покажат својата хуманост со дарување на драгоцената течност, која живот значи!