Фото на насловна: Белење платно на Охридско Езеро, 1977 година

 Деновиве нашата насловна страна ќе ја краси приказ на белењето платно на Охридското Езеро.

 Некогаш вака се белеело платното – сведоци за тие моменти опеани во многу охридски песни, се и  бројни фотографии кои раскажуваат за едно минато, но незаборавено време.

 Фотографијата датира од 1977 година, создадена на местото помеѓу Пештани и Градиште, а за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.