Летна кампања на Црвен крст за освежување на знаењата по прва помош кај возачите

 Со цел да се подигне јавната свест за потребата од обезбедување на правилно укажување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода, Црвен крст спроведува летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи.

 Планирано е да се одржат бесплатни освежителни курсеви по прва помош во 33 општински организации на Црвен крст со кои ќе бидат опфатени 8000 возачи.


 Податоците на Министерството за внатрешни работи говорат дека како главни причинители за сообраќајните незгоди, особено во летниот период, се вбројуваат: брзо возење, непочитување на правила за првенство на минување, недржење на страна и правец на движење, непрописно движење и свртување, мобилен телефон и управување под дејство на алкохол.