Фото на насловна: Парче охридска убавина од минатото

 И овој пат, како и секогаш, со задоволство споделуваме дел од минатото на Охрид, парче од мозаикот кој ја создал вечната убавина на нашиот град.

 Фотографијата временски не е точно означена, но се работи за периодот на доцните 60-те и почетокот на 70-те години на минатиот век. За јавноста ја постираше Никола Јанески.