Денес во 17:30 часот -промоција на книга и изложба!

 Денес во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид посетете го отворањето на ликовна изложба и промоција на книга – настан кој препорачуваме да го посетите!

  Настанот е закажан за 17:30 часот кога  ќе биде отворена изложбата на словенечката сликарка Аленка Герлович, а истовремено ќе биде промовирана и книгата на словенечкиот амбасадор проф. д-р Милан Јазбец, “Мартин Крпан – дипломат и воин”.

 Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Кристина Николовска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.