Црвен крст Охрид добитник на највисокото признание - Пехарот за ПХВ програмата за 2019 година

 ЦКА-ПХВ циклусот 2019 заврши. Од вкупно 150 проекти изработени од  организации на Црвен крст  во целата држава, нјабројни, најуспешни и оценети со највисоки оценки беа шесте проекти кои ги изработија 40 млади волонтери на Црвен крст Охрид со кои помогнаа на повеќе од 100 лица од ранливата категорија  граѓани од Охрид.

 „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) е програма која веќе дваесетта година се имплементира во Македонија од страна на организациите на Црвениот крст. Целта е вклучување на младите во заеднички проекти за изградба на взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество.

Токму затоа највисокото признание - Пехарот за 2019 година за ПХВ програмата ќе му биде доделен на Црвен крст Охрид на свеченост која ќе се реализира на 20 јуни 2019 (четврток) во 12 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. На свеченоста ќе присуствува раководството на Црвен крст на Р. Македонија, на општински организации од целата држава,  претставници на Општина Охрид и други гости.