Лесен, летен рецепт - ќофтиња од тиквички

 За време на летниот период актуелни се брзите и лесни рецепти најчесто од сезонските зеленчуци кои може да се комбинираат на различни начини.

Нашиот денешен предлог за тоа што брзо и лесно да зготвите, се ќофтиња од тиквички.

За подготовка на овие ќофтиња потребни се следните намирници:

2 тиквички
1 јајце
4-5 лажици брашно
2-3 лажици гриз
½ лажиче прашок за пециво
1 лажичка сол
50 грама пармезан или друго рендано сирење
 
 Тиквичките излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето, а потоа посолени оставете ги извесно време да се исцедат.
 Откако ќе се исцедат додадете ги постепено сите состојки во еден сад, измешајте со лажица, и од добиената смеса со лажицата ставајте да се пржат ќофтињата во загреано масло на средна температура.