Copper Art Dani од синоќа на нова локација (фото-галерија)

 Охриѓанката Данче Наумоска, која веќе 18 години го негува занаетот на изработка на рељефни слики, од синоќа својата уметност ќе ја претставува и нуди на посетителите во уште еден простор – во близина на фонтаната кај стариот Чинар.



Данче Наумоска изработува уникатни рељефни слики, но и друг вид украси и парчиња накит, во кои секој клиент може да пронајде дел од себе. Рељефните слики најчесто ги работи од бакар, но има и сребрени и позлатени изработки. Интересот кај клиентите го задоволува со различни мотиви – како од Охрид и неговите знаменитости, така и со религиозни и традиционални дизајни.



 Со изборот на новата локација Copper Art Dani ќе им овозможи на домашните и странски посетители полесно да дојдат до идеја и реализација при купувањето сувенир, подарок или украс за сопствениот дом.

Галерија

Поврзани блог статии