Copper Art Dani од среда на уште една локација

 Охриѓанката Данче Наумоска, која веќе 18 години го негува занаетот на изработка на рељефни слики, од среда својата уметност ќе ја претставува и нуди на посетителите во уште еден простор – во близина на фонтаната кај стариот Чинар.



 Copper Art Dani до сега функционираше во малиот занаетчиски дуќан на ул. `Гоце Делчев`, каде може да најдете уникатни парчиња за спомен од Охрид, или да подарите нешто несекојдневно, специјално изработено од вештите раце на Данче Наумоска. Делата најчесто се со мотиви од Охрид, религиозни мотиви или пак, со традиционални дизајни. Најзастапен материјал е бакарот, но има и сребрени и позлатени изработки.



 Со новата локација Copper Art Dani ќе им овозможи на домашните и странски посетители полесно да дојдат до идеја и реализација при купувањето сувенир, подарок или украс за сопствениот дом.