Во с.Велгошти утре ќе се одржи традиционалниот Велигденски концерт

 Утре, на ден Велигден, КУД „Илинден“ и ансамбл „Филиграни“, во соработка со месната заедница на село Велгошти, ќе го одржат традиционалниот Велигденски концерт.

 
Организаторите испраќаат покана до сите љубители на убавиот мелос да дојдат и да уживаат во изведбата на македонските традиционални ора и песни.

Концертот ќе се одржи во црквата `Св.Петка` со почеток во 12 часот, а интерсно е што на овој настан ќе биде претставена новата кореографија Комитско оро.

Бидете и вие дел од ова празнично случување, и имајте весели и благословени празници! За многу години!