Да донираме за Мартин! Отворени телефонски броеви за донации!

 Веќе ве информиравме дека ФК Лабуништа организира хуманитарен натпревар за помош на својот голман Мартин Стојаноски.

  Мартин  е од струшкото село Драслјаца и има 22 години,  а пред неколку месеци се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода, и за да се врати на својот нормален начин на живот, потребни се средства за лекување во Русија.

Од фудбалскиот клуб Лабуништа апелираат до сите хумани луѓе, свој придонес за помош на Мартин да дадат со присуство на фудбалскиот натпревар кој ќе се одржи во сабота со почеток во 16 часот на градскиот стадион во Струга.

Да помогнеме Мартин повторно да застане на голот на својот тим!

Донации може да се испраќаат и на:

Трансакциска сметка:

210-7000006495-51 NLB

Девизна сметка:

210 - 501689655077

Денес се отворени и телефонски броеви за донации, па може да донирате и со  повикување  на некој од броевите:
 
T-Mobile 143 107

VIP 143 462