ФК Лабуништа ќе игра хуманитарен натпревар за својот голман Мартин

   ФК Лабуништа организира хуманитарен натпревар за помош на својот голман Мартин Стојаноски.

  Мартин  е од струшкото село Драслajца и има 22 години,  а пред неколку месеци се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода, и за да се врати на својот нормален начин на живот, потребни се средства за лекување во Русија.

Од фудбалскиот клуб Лабуништа апелираат до сите хумани луѓе, свој придонес за помош на Мартин да дадат со присуство на фудбалскиот натпревар кој ќе се одржи во сабота со почеток во 16 часот на градскиот стадион во Струга.

Да помогнеме Мартин повторно да застане на голот на својот тим!

Донации може да се испраќаат и на следнава банкарска сметка:

210-7000006495-51 NLB

Телефонски броеви за донации дополнително ќе бидат објавени