Денес се чествува споменот на големиот револуционер Христо Узунов

 Делегација на Општина Охрид, предводена од в.д. градоначалник, Константин Георгиески, денес присуствуваше во ОУ “Христо Узунов“, каде со историски час и полагање на свежо цвеќе пред бистата на револуционерот, започна годинашното одбележување на 114 годишнината од херојската погибија на охридскиот револуционер.

На свеченоста беа прогласени и најдобрите ликовни и литературни творби од учениците, на интерниот конкурс од училиштето.

Централната прослава по повод патронатот на училиштето се одржa вечерва од 19 часот во НУ Центар за култура “Григор Прличев“.









Извор: www.ohrid.gov.mk