Грст награди за охридските училишни хорови

 Деновиве ООУ `Св. Климент Охридски` беше домаќин на Регионалните смотри на хорови и оркестри од основните и средните училишта. 

 На натреварот се претставија хорови, оркестри и вокално-инструментални формации од повеќе училишта од Охрид, Кичево и Дебар.



 Оваа година, високи први награди освоија хорот и оркестарот при ОСУ `Св. Климент Охридски` од Охрид, предводиени од професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимоски, и хорот на ООУ `Братство - единство` од Охрид, предводен од професорот Бурим Хидри. Со тоа истите се стекнаа со правото на учество на гoдинешените Републички смотри.

 Први награди, исто така, освоија и орфовиот оркестар при ООУ `Св. Климент Охридски` од Охрид, предводен од професорката Виолета Ангелеска, мандолискиот оркестар при ООУ `Саид Најдени` од Дебар, предводен од професорот Махмут Марку, и хорот при ООУ `Христо Узунов` предводен од професорот Бојан Лушкоски.