Утре голема хуманитарна акција на младите од ПХВ програмата на Црвен крст Охрид

 Во рамки на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), која Црвен крст Охрид ја спроведува од февруари до мај 2019 година, младите на Црвен крст Охрид организирани во ПХВ тимови реализираат најразлични хуманитарни активности насочени кон прибирање на средства за помош на ранливи категории на граѓани од Охрид и Дебрца.

 ПХВ младинците во нова спортско-хуманитарна активност, која  Црвен крст Охрид ќе ја реализира на 23.03.2019 г. (сабота) со почеток во 11 ч., кога се очекува околу 100 учесници рекреативно да возат велосипеди со старт од Центарот за култура „Григор Прличев“, по Кеј Македонија, пешачката патека, до паркингот кај Горица 3 и назад, после што на градскиот плоштад ќе се одржат хуманитарни музички перформанси на младите на Црвен крст Охрид.

 Велосипедското возење има хуманитарен карактер, а воедно и еколошки, така што со купен талон во вредност од 100 денари, учесниците ќе добијат зелени ленти како симболика за лошата еколошка свест.