Денес предавање во НУ Библиотека `Григор Прличев` по повод 150 години од откривањето на Периодниот систем на хемиските елементи

 Светот оваа година одбележува значаен јубилеј - 150-години од откривањето на Периодниот систем на хемиските елементи од страна на рускиот научник Дмитриј Менделеев.

 Во негова чест УНЕСКО ја прогласи 2019 година, за година на Периодниот систем на Менделеев. Одбележувањето на овој јубилеј започна во јануари со голема свеченост во седиштето на УНЕСКО во Париз, а продолжува во текот на годината ширум светот со различни манифестации.

 Кон одбележувањето се придружуваат и НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.
 По тој повод днеска - петок 22 март во 12.00 ч., во Библиотеката предавање за значењето на таблицата на Менделеев ќе одржи проф. д-р Велимир Стојковски.