Време е за будење - пристигна пролетта!

 Синоќа во 22 часот и 58 минути во земјава и на северната хемисфера календарски пристигна пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи есента.

21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на Северната Хемисфера, односно есенска рамноденица (првиот ден на есента) на Јужната Хемисфера.

Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и 05 минути, а времето денес во Охрид ќе биде повремено облачно со макисмални 12°С.  Наредните денови се очекува претежно сончево време, со температури за степен-два повисоки од денешната.





фото: Митко Лукан