Фото на насловна - Охрид, 1982 година

 На нашата насловна страна секогаш има простор за фотографии од Охрид и неговите убавини, од сегашно време, но и од поблиското или подалечно минато.

 Интересно е да се види и да се направи споредба како некогаш изгледал градот, како денес. Тоа често буди носталгија, но неретко и револт или тага кон сето она што веќе го нема. Модерното време нуди се повеќе градби, а се помалку зелени површини. Ако нешто му недостасува на градот, секако дека се бројните зелените површини, кои сега се сведени на многу помалку од некогаш.

 Деновиве нашата насловна страна ќе ја краси фотографија која го прикажува Охрид 1982 година. Фотографијата е позајмена од фејсбук групата `Охрид слики од минатото` каде за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Климе Белкоски.