Поетскиот настан `Имам нешто да ти кажам` - утре во `Шила`

 По повод Светскиот Ден на поезијата, 21 март, утре нова средба на младите поетеси и поети од Охрид, на настанот `Имам нешто да ти кажам` , кој редовно се одржува во кафе бар `Шила`.  Почетокот на утрешниот настан е закажан за 20:00 часот.

 Ќе се чита авторска поезија и поезија од познати домашни, но и светски автори. И секако ќе има една бонус рунда, која секогаш е вистинско уживање за посетителите и учесниците, но тоа би го откриле само доколку сте присутни на овој настан.
 
Стихови ќе читаат:
1. Анастасија Стојаноска
2. Тамара Танкоска
3. Јана Голабоска
4. Бисера Николоска
5. Михаела Протугер
6. Ана Филипче
7. Евамарија Баткоска
8. Климент Шиникоски
9. Теодора Николовска
10. Јован Цветкоски
11. Сретен Стрезовски
 
 Повикот за учесници е отворен. Може да чита поезија, секој што има своја поезија, и желба за читање.

Резервирајте си место навреме.

Четврток, 20:00 часот, бидете во Шила – порачуваат организаторите!