Од утре, 18-ти март, стартуваат директните авио линии од Охрид до Малме и Милано

 Од утре, 18ти март, Охрид авионски ќе се поврзе со Шведскиот град Малме, и со престолнината на модата, Милано, во Италија.

Wizzаir е авиокомпанијата која ќе ги превезува патниците до овие градови во Европа. Се најавува дека билетите ќе бидат по многу поволни цени, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако оваа авиокомпанија го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски.

Се очекува утре да слета првиот авион од Малме во Охрид, а во вторник ќе боде воспоставена директната линија од Милано.

Предвидено е летовите на двете линии во текот на туристичката сезона да се реализираат по два пати седмично, односно летовите Охрид-Малме до 13-ти септември  ќе се реализираат во понеделник и петок, а од 18-ти септември во среда и недела, додека пак линијата Охрид-Милано до 30ти март ќе функционира во вторник и сабота, а од 1ви април овие летови ќе се реализираат во понеделник и петок.

Wizzair е обврзана од јули да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.