Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на обука во Шпанија

 Во рамките на Еразмус плус- програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, наставници и ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, три недели  престојуваа во Барселона, во реномираниот хотел Campanile. Беа вклучени тројца професори и деветнаесет ученици од угостителско-туристичката струка.



 Учениците од различни образовни профили беа работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи и  келнери. Нивните работни ангажмани беа поврзани со прием, сместување, испраќање гости и други услуги на рецепција, подготвување разни видови храна и пијалоци, работа на шанк, послужување на храна и пијалоци, подготвување сали за конференции, семинари и сл.  Сето тоа им овозможи на учениците да ги покажат и развијат стекнатите знаења и вештини, професионално да се надградуваат, тимски да работат, им даде нови идеи и инспирации, со еден збор, едно големо и позитивно искуство. Покрај стекнувањето нови практични знаења и вештини, учениците имаа можност да се дружат, да запознаат нови предели и култури.



 За време на нивниот престој, учениците со пригодни активности презентираа дел од убавините на Македонија и Охрид, а приготвената традиционална мак едонска храна создаде мост на кулинарски култури и пријателства.

 По завршувањето на работната пракса во Шпанија, за овој проект на учениците им беа доделени меѓународно признати сертификати, кои  ќе им помогнат во нивната професионална кариера.
 
 
 





Извор: www.ohrid.gov.mk